Средствата за чистење ги оштетуваат белите дробови исто како цигарите
Научниците сметаат дека редовното користење на средства за чистење влијае на здравјето на белите дробови исто како и кутија цигари. Тие препорачуваат штетните средства да се заменат со крпа од микровлакна и вода.
Истражувањето во кое што учествувале повеќе од 6 илјади луѓе, а кое траело преку 20 години, покажало дека се појавуваат здравствени проблеми кај луѓето, воглавно жени, по долгогодишно користење на овие средства.
Во спроведената студија се истакнува дека треба да се избегнуваат средствата за чистење и дека е подобро да се заменат со микрофајбер ткаенина и вода.
– Краткорочно овие производи влијаат на појавувањето на астма, но не знаеме каков долгорочен ефект имаат, истакнува професорот Сесил Свонс, од Универзитетот Бегеб.
– Хемикалиите кои ги уништуваат дишните патишта, може да предизвикаат пореметување на функцијата на белите дробови, истакнува тој.
По истражувањето научниците откриле дека жените кои редовно чистат со хемиски средства за чистење во белите дробови внесуваат помала количина на воздух.
Научниците истакнуваат дека нивното истражување во одредени случаи било ограничено, па така бројот на мажи изложени на средствата за чистење бил помал од бројот на жени.
Хемикалиите од средствата за чистење ја иритираат чувствителната слузкожа која ги обвива белите дробови, што може да доведе и до трајно оштетување на истите.
– Пораката од оваа студија е дека долгото користење на овие производи предизвикува сериозно оштетување на белите дробови, се наведува во истражувањето.