ЖивотИзбор на уредникот

Средношколец по три дена пракса во НАСА , откри нова планета (ВИДЕО)

НАСА минатиот понеделник објави дека е откриена нова планета, слична на Земјата и најверојатно ќе има услови погодни за развој и одржување на живот, а е откриена  со помош на програмата ТЕСС.

Тоа е планетата ТОИ 1338 б, сместена во со coѕвездието Pictor, оддалечена 1300 светлосни години од нас, откриена од никој друг, освен седумнаесетгодишниот практикант Волк Кукиер, пишува Mashable.

Во текот на летото во 2019 година, Кукиер имал задача да ги истражува „варијациите во сјајот на sвездите“ на фотографиите на ТЕСС, затоа што, како што претходно објавила НАСА, човечкото око е подобро во откривање на ситни промени и матрици од алгоритмите, па ова била совршена задача за првата недела на стажирање.

„Гледав сè што волонтерите го идентификуваа како важно кога наидов на ѕвезден систем. На третиот ден од стажирањето, открив дека постои планета во ТОИ 1338 што може да биде погодна за живот“, вели Кукиер.

Според претходно соопштение за печатот на НАСА, планетата ТОИ 1338 б е околу 6,9 пати поголема од Земјата.

„TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) се очекува да собере доволно податоци за илјадници планети во рок од две години и да открие повеќе слични на Земјата“, соопштија од оваа вселенска агенција.

Кукиер е ко-автор на документот за откривање на планетата, по што тој продолжи да бара слични планети.

Поврзани вести

Back to top button