Спутник: Груевски утре ќе го објави составот на новата влада

Објавено: сабота, 28 јануари 2017 во 11:52
Spread the love

Новата владејачка коалиција во Македонија ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во неа ќе бидат Српската демократска партија, најголемата партија на Албанците, ДУИ, а ќе им се придружи и уште една албанска партија, пишува српскиот портал Спутник.

Оваа коалиција ќе биде промовирана утре. Коалицијата на Груевски која освои најмногу гласови на последните избори, според порталот, прифатил дел од барањата на албанските партии, како барањето за поголема финансиска самостојност на општините каде мнозинство се албанските граѓани.