Според „бомбите“: Mиле и Рангелова избркале директорка затоа што Господ и бил поважен од партијата
Денеска продолжи слушањето на т.н бомби во предметот „Титаник“ кој го отвори Специјалното Јавно Обвинителство.
Поранешниот министер Миле Јанакиевски, сега обвинет во овој предмет во телефонскиот разговор се жали дека некоја директорка не можела да ги натера децата без родители да гласаат со образложение дека постела.
„Миле оваа директоркава ич не соработува. Не доаѓа, постела. Морала на литургија да оди. Па и јас постам, па не одам на литургија“, му се жали Даниела Рангелова на обвинетиот Миле Јанакиески во продолжение на бомбите за „Титаник“ за изборни нерегуларности во три изборни циклуси.
„Избркај ја! Црквата ѝ е поважна од партијата“, коментира Миле.
„Ја избркав“, ја решила Рангелова религиозната директорка.
Во следен разговор, Миле му вели на соговорник: „Куме, оваа е ненормална. На Влатко пред сите му рекла постела не можела да дојде“.
„А што е она толку важна“, го прашува соговорникот.
„Има деца без родители, вработени, што треба да ги координира за гласање. Мисли дека ако е комшика на Сашо ја штити, а Сашо вика од што е досадна, не можам врата да отворам од неа“, му вели соговорникот на Миле.
„Ма остај ја, поважен ѝ е господ од партијата“, завршува Миле.