Избор на уредникотМакедонија

Спасовски: Командирот на полицијата во Ропотово кој пукаше на семејна веселба е во притвор

Командирот кој пукал на семејна веселба се наоѓа во притвор и покренати се дисциплински постапки, истакна денес Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по означувањето на почетокот на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот” во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”. При што министерот нагласи дека  секој кој го прекршува законот ќе одговара кривично.

-Постапувањето за овој случај ви дава јасен одговор. Не само што ќе извршиме контроли, туку секој еден кој го прекршува законот ќе одговара кривично. Тој што нелегално користел оружје, кој што злоупотребува законски овластувања се наоѓа во притвор. Покренати се дисциплински постапки во овој дел и секако дека најстрого ќе се казнува. Исто како што имавме случај пред некое време на упатена закана од полициски службеник кон наставник, истиот тој полициски службеник е суспендиран, рече Спасовски одговорајќи на прашањето дали ќе се извршат поголеми контроли на полициски службеници кои користат оружје во приватни цели, како што беше случајот со командирот на полициското одделение Ропотово.

Тој потврди дека на ист начин ќе се постапува кон секој оној кој што се однесува надвор од своите овластувања.

Поврзани вести

Back to top button