Обично сме слушнале за мироточење на икона, но, овој пат тоа се случило на плоча на која било ставено телото на Исус Христос.
Мироточење е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи (иако имало случаи на крваво мироточење) и оваа појава црковните претставници секаде низ светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо.
Ерусалим има голема улога во христијанството не само поради Стариот Завет, туку и поради животот на Исус Христос.
Во Библијата градот е споменат 632 пати. Според Новиот Завет, Исус бил донесен во Ерусалим веднаш по роѓањето, а подоцна дошол во храмот каде проповедал.
Сионската горница се верува дека е местото каде била одржана Тајната вечера. Таа се наоѓа на Сионската Планина, на само неколку метри одалеченост од Гробот на Давид. Гетсиманската градина е местото каде Исус Христос ја поминал својата последна вечер.
Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со римските војници и со бакнеж на левиот образ го предал Исус на Кајфа. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора. Друго значајно место во христијанството е Голгота или Калварија, местото каде е распнат Исус Христос. Според Евангелието на Јован, овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но археолошките испитувања покажале дека се наоѓа многу блиску до ѕидините на стариот град.