Со помош на домашен лек исчистете ги вашите бели дробови

Објавено: петок, 25 декември 2015 во 15:30
Spread the love

Сеедно дали сте пушач или пак често седите во задимена просторија, со помош на овој лек ќе ги исчистите вашите бели дробови и ќе си го подобрите вашето здравје.

cigari 22

Димот од цигарите може да ви го наруши вашето здравје, а посебно здравјето на вашите бели дробови. Поради тоа ви го приложуваме рецептот за домашен лек кој ефикасно ги чисти вашите бели дробови и ви го подобрува здравјето.

Потребно ви е:
400гр. лук, исчистете го  делчињата и исечете го на четвртини
парче џумбир
400гр. кафеав шеќер
2 лажички куркума
1л. вода

Водата ставете ја во сад, додадете го шеќерот и загрејте. Кога ќе почне да врие, додадете го изренданиот ѓумбир, лукот и куркумата и гответе додека смесата не проврие.

Тргнете го садот од оган и оставите го да се олади на собна температура. Лековитата смеса би требало да се чува во фрижидер.

Земајте 2 лажици од оваа мешавина секое утро на празен стомак и уште 2 навечер, после последниот оброк.
Пред употреба на природните лекови консултирајте се со лекар.