„Снимете уште некоја моронска серија како „Јужен ветар“, дајте уште некоја болест како „Задруга“ воведете специјални награди за распаднати идиоти кои пеат за дрога и курви и после се чудите зошто има толку кретени и монструми“
Новинарот Никола Здравковиќ објави статус на Фејсбук по масакрот кој се случи во Белград, каде што малолетник со пиштол уби осум ученици и еден припадник на обезбедувањето.
-Снимете уште некоја моронска серија каде што криминалците се претставуваат како витези, малку се „Јужен ветар“ и „Клан“. Немој од телевизија да го тргнете Кристијан Голубовиќ, снимете уште некој документарен филм за другите криминалци.
Дајте уште некоја болест како „Задруга“. Воведете специјални награди за распаднати идиоти кои пеат за дрога, крими-живот и ку*ви. Поддржете го секој идиот кој го исмејува убавото воспитување. И потоа чудете се зошто има кретени и монструми меѓу нас.
Се плашам браќа и сестри дека доаѓаат времиња кога ќе нè уништат тие нас или ние ќе ги уништиме нив. Не велам да се убиваме, туку да ги спречиме таквите луѓе да убиваат. А ова што го правиме, не е спречување, туку им даваме пиштол во раце, пишува новинарот