Свет

Снимател тврди дека во САД знаеле за нападот на кулите на 11 септември (ВИДЕО)

Синмател на кој му даден посебен пристап до Кулите близначки после рушењето тврди дека поседува снимка која докажува дека администрацијата на Џорџ Буш е одговорна за терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.Курт Соненфелд тие денови работел со американското министерство за внатрешна безбедност. Добил неограничен пристап до срушените згради и кажано му е да сними се што ќе види.

kurd

Меѓутоа, никогаш не ги предал снимките затоа што тврди дека има необориби докази дека Владата на САД однапред знаела дека ќе случи теорирстички напад.Како што наведува Соненфелд, под Светскиот трговски центар наишол на празен сеф кој е испразнет пред ударот на авинот, што укажува на тоа дека се знаело за нападот.

После тоа, животот на Соненфелд почнал да се распаѓа. Уапсен е поради убиство на својата жена која е пронајдена со куршум во главата. Иако обвинението покасно е повлечено, тој ја напуштил земјата и избегал во Аргентина поради страв дека ќе го уапсат или замолчат.„Во едно сум сигурен. Тајните служби знаеле што ќе се случи и во најмала рака дозволиле да дојде до тоа“, изјави Соненфелд во еден документарец снимен во Аргентија. „Не само што знаеле, туку и учествувале во тоа“, додава тој.

Слични тврења како Соненфелд имале и други луѓе пред него, но тие секогаш се окарактеризирани како теории на заговор. Исто така, многу се уверени дека Соненфелд со бегството во Јужна Америка се извлекот за убиството на жена му. Правата вистина можеби никогаш нема да се дознае.

Поврзани вести

Back to top button