Избор на уредникотМакедонија
Скопје како Бугарија во 90-те, на млад Швајцарец насилно му ја одзеле колата
33-годишен државјанин на Швајцарија пријавил во полиција дека тројца разбојници со закана му го одзеле автомобилот „Тојота“ во скопската населба Маџари, соопшти МВР.
„На 10.01.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Н.Б.М.(33) од Швајцарија пријавил дека на 09.01.2023 во 21.30 часот на ул.„Перо Наков” во Скопје, три лица со закана му го одзеле патничкото возило „тојота” со швајцарски национални ознаки“, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.