Скандалозно: На Димитров му се допаѓа статусот „Србија ќе гори во пеколот“?! (ФОТО)
Сканадалозен потег на Никола Димитров кој може да предизвика дипломатски тензии со соседна Србија. Шефот на дипломатијата ставил знак дека му се допаѓа коментар на извесниот профил Лујза Димитрова, во кој на англиски јазик е напишано: „ Ние ќе победиме, Србија ќе оди во пеколот. Историска саботажа од страна на Србија.“
Коментарот кој му се допаѓа на министерот Димитров е ставен токму под негов статус на социјалната мрежа во кој го цитира славниот француски писател и филозоф Жан Пол Сартр а гласи: „Само тој што не весла, има време да го ниша чамецот“.
На потегот на Димитров веднаш реагираа и Србите во Македонија. Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ исто така на Фејсбук коментираше дека на министерот Димитров очигледно му се допаѓа идејата Србија да гори во пеколот кога става знак ми се допаѓа на коментар кој може да предизвика дипломатски скандал. Прашува и дали воопшто ќе вреди извинувањето кое министерот или владата би можеле да и го испратат на соседна Србија.
Алфа побара коментар од МНР во врска со чинот на Димитров. Оттаму објаснија дека „лајкот“ на Димитров е во врска со песната што заедно со овој статус е објавена, а не за острите зборови кон Србија. Истото го дообјаснува и самиот во коментар под спорниот.
Извор: Телевизија Алфа