Учениците од Средното туристичко школо во Сомбор речиси половина век од физичкото воспитување го имаат во салата која е опасна по здравјето затоа што е обложена со азбестни плочи.
Со децении вдишуваат азбестна прашина која е канцерогена и предизвикува болести на белите дробови.
Последиците од вдишувањето на овие штетни супстанци се јавуваат по 15-20 години. Овој проблем веќе со години се обидува да го реши секретарот на школата Миле Мориќ, кој смета дека обврска му е да ги заштити децата, а не да замижи пред проблемот.
„Во ова школо работам 10 години. Од самото доаѓање почнав да се занимавам со тој проблем и уште ја водам таа војна за да сега се тргне. Ја имам сета потребна документација, и направив архива на текстови за штетниот азбест. Дури и медиумски ги нападнав надлежните, па нешто почна да се случува“, истакнува Мориќ.
Доктор Татјана Радосављевиќ, пулмолог, вели дека азбестот е многу опасен по животот, и дека итно треба да се отстрани од сите згради на кој сеуште постои.
Минатата година, кога се променија одредени луѓе на власт, се појавија и реакции. Мојот директор секогаш молчеше, затоа што му е страв да се замери со политика. И за мене е опасно, но не можам да молчам. Децата ни се доверени и имаме обврска да ги заштитиме. Од рак ни заболеа четири лица од персоналот за хигиена и пет професори“, додава директорот Мориќ.