Сириската армија срамни со земја цело предградие на Дамаск
Бунтовниците го држат самиот центар на предградието, а владините сили ги имаат целосно опколено веќе со месеци. Градот е целосно разурнат, а во Дараја веќе нема ниту една зграда која што не е целосно разрушена.
Деновиве, откако започнаа мировните преговори во Женева, сирискиот претседател Башар Ал Асад очигледно одлучи да започне огромна офанзива со цел поддржувачите на озлогласената Ал Каеда да ги избрише од лицето на земјата.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон објави дека сириската армија во предградието Дараја фрлила 24 барел бомби, а набрзо потоа беа објавени и снимки од стравичните експлозии.
Барел бомбите се всушност буриња кои што се наполнети со експлозив, а во во ретки случаеви и со хемиски отров. Според меѓународното право се забранети за употреба.