Симптоми што откриваат дека вашето тело е полно со отрови
Поради неправилната исхрана и недоволната физичка активност, токсините остануваат заробени во телото и ги забавуваат неговите природни функции. Еве неколку знаци дека тоа ви се случува токму вам.
Физиолошки потреби
Честото одење во тоалет е едноставен показател дека вашето тело е полно со отрови. Сепак, ова е еден од најдобрите начини на кои отровите излегуваат од телото, инаку ќе се вратат во крвотокот и ќе предизвикаат проблеми. Затоа, пијте што повеќе течности и пробиотици за да го подобрите варењето и уринарните функции.
Непријатен здив
Причина се бактериите во вашата уста или неможноста на вашиот желудник и црн дроб да ги „обработи“ сите токсини. За да се ослободите од овој проблем, дневно чистете го јазикот од наталожените слоеви.
Ви сметаат одредени мириси
Ако ви пречи нечиј парфем, чад и други ароми, веројатно имате проблеми со црниот дроб кој не е во состојба да се ослободи од токсините и затоа вашите сетила се во состојба на претпазливост и секој мирис може да предизвика главоболка.
Прекумерна тежина
Проблемите со хормоните, лошата исхрана и премногу токсини во крвта доведуваат до таложење на масни наслаги и прекумерна тежина. Наглото дебелеење ви е показател дека е време да го исчистите својот организам.