Преслабите манекенки во Франција ќе завршат во затвор!

Објавено: петок, 18 декември 2015 во 16:55
Spread the love

Франција донесе нов закон според кој манекенките мораат да имаат лекарско уверение дека не се преслаби доколку сакаат да се занимаваат со мода, во спротивно можат да се соочат со казна до шест месеци затвор или 75 илјади евра казна, пренесуваат странските медиуми.

манекенки

Новиот закон кој го усвои францускиот парламент предвидува дека сите многу списанија мораат јасно да ги обележуваат сите фотографии на човечки тела кои поминале низ било каква корекција или фотошоп.

Франција сака на ваков начин да и наметне на модната индустија минимален индекс на телесна тежина која манекенките мора да ја имаат.

Мерките се воведуваат во рамките на националниот план за борба против анорелсија и булимија.