Избор на уредникотМакедонија

„Шверцери“: Нека се подготви цело Скопје за последиците, ако не се преиспита одлуката за поддршка за „Вардар“

„Навивачката група ‘Шверцери Шкупи’ реагира и остро ја осудува одлуката на Градот Скопје за парична помош на ‘Вардар’.“, велејќи дека ‘плаќаат даноци за чист град, а не нивните пари да одат за ѓубрињата на системот на политиката’.“ – објави ТВ21.

ТВ 21 го пренесува соопштението на споменатата навивачка група: „Шверцери Шкупи“ велат дека Градот го поддржува најслабиот клуб.

– Со оглед на тоа што ФК Шкупи го претставува градот, овие години не му е дадена ниту најмала помош, особено за европските натпревари, заради кои се платени големи парични суми за играње на градскиот стадион. Градот Скопје функционира со даноците, што ги плаќаме за да има чист град, а не нашите пари да одат за ѓубрињата на системот на политиката. Затоа бараме да се преиспита оваа одлука. Ако не се случи тоа, тогаш нека биде подготвен целиот град за последиците, се вели во соопштението на Шверцерите.

Поврзани вести

Back to top button