Избор на уредникотСвет
Швајцарската Влада нареди затворање на ресторани, кафулиња и продавници во седум часот навечер
Швајцарската Влада нареди затворање на рестораните, кафулињата и продавниците во седум часот навечер во многу делови на земјата, додека државата се бори со континуирано висок број на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19.
Новите мерки ќе стапат на сила утре, а ќе важат до 22 јануари. Владата најави дека во кантоните каде епидемиолошката состојба е поповолна, објектите сепак ќе можат да работат до 23 часот.
Властите предупредуваат дека бројот на новозаразени и смртни случаи во некои кантони е во пораст, а здравствениот систем е преоптоварен.