ЖивотЗдравјеИзбор на уредникот

Што се случува во нашето тело кога јадеме лук?

За многумина, лукот е првиот штит за одбрана од вируси. Се препорачува да се јадат најмалку шест чешниња лук неделно бидејќи добро делува на срцето.

Но, што се случува во нашето тело кога јадеме лук?

Во текот на првиот час: Лукот се вари во желудникот и станува идеална храна за организмот.

Четири часа после јадење: Помага во борбата против постоечките бактерии и вируси.

Шест часа после јадење: Се активира процесот на согорување на складираните масти во организмот.

По седум часа: Лукот има антибактериско дејство на крвотокот.

Лукот е едно од најстарите растенија во светот и може да се најде во речиси секоја кујна. Сепак, тоа не е само одличен додаток на вашите оброци, туку и многу здрава храна.

Сакаме да користиме лук кога сме настинати, бидејќи помага во борбата против кашлицата и го зајакнува имунолошкиот систем. Содржи многу активни хемиски соединенија и антиоксиданси кои го обезбедуваат здравјето на целиот организам, поради што често го нарекуваат природен „антибиотик“.

Лукот е исклучително хранлив, позитивно влијае на нивото на шеќер во крвта, ја намалува синтезата на холестерол и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, делува противвоспалително и се грижи за здравјето на гастроинтестиналниот тракт.

Особено голем број на лековити својства се кријат во лукот поради моќното соединение алицин, кое нормално го штити растението од бактерии и габи.

Зошто е добро 7 дена да јадете мед со лук секое утро на празен стомак?
За да го искористите максимумот од корисните ефекти на лукот, консумирајте го редовно и подгответе го на следниов начин:
Лукот е најдобро да се јаде сиров и најмалку три чешниња дневно, ако сте настинати;

Пред јадење, здробете го за да стимулирате ензимска реакција која произведува алицин, состојката што го прави лукот толку здрав;

Ако термички го обработувате лукот, тоа треба да се направи многу брзо.

Многу луѓе го избегнуваат лукот поради неговиот мирис. Но, токму оваа „миризлива“ состојка му ги дава на лукот лековитите својства. Ако сте загрижени за лошиот здив, можете да го решите со џвакање листови од магдонос или зрна кафе.

Поврзани вести

Back to top button