Избор на уредникот

Шкариќ: Законот за јазици ќе падне на Уставен суд, дури и Џафери да го потпише указот

„Многу одредби од Законот за употреба на јазиците вака како што е напишан нема да можат да поминат во Уставниот суд и под услов Уставниот суд да се наоѓа на најниско стручно ниво.  Тоа им е јасно и на самите автори на Законот за употреба на јазиците.  Уставниот суд голем број од одредбите би ги укинал, а некои можеби и би ги поништил“, вели професорот Светомир Шкариќ во интервју за „Фактор“.

Според универзитетскиот професор по уставно право, Законот за употребата на јазиците така како што е напишан тешко дека ќе може да да се оформи како законодавен акт,  ќе има доста пречки.

„Претседателот на Собранието може да го потпише Законот за употребата на јазиците и да го прати до Службен весник со образложение дека претседателот на Македонија го крши Уставот, а тој како спикер на Законодавниот дом е должен да го испрати Законот на публикување бидејќи секој граѓани вклучувајќи го и Иванов има обврска да го почитува Уставот. Но и со тоа нема да биде решен проблемот затоа што тогаш доаѓа најтешката пречка во врска со стапувањето на Законот во сила, а тоа е Уставниот суд.  Ако Законот биде објавен со дефектен указ, Уставниот суд би можел да се произнесе дека таквиот акт не може да го земе во постапка за разгледување бидејќи не е Закон “, изјави проф. Шкариќ во интервју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.

Шкариќ оцени дека Законот за потреба на јазиците не одговара ниту на албанската етничка заедница , па и на оние што го предложиле затоа што Законот инсистира на строго почитување  и развој на мултикултурализмот, а не на интеркултурализмот.  Шкариќ  кој  во еден период му беше и советник на претседателот сугерира во Собранието да отпочне постапка за импичмент поради тоа што Иванов на неколку наврти за време на неговиот мандат го прекршил Уставот.

Поврзани вести

Back to top button