Шестчлено семејство од Скопско Горњани има итна потреба од нашата помош!!! (ВИДЕО+ФОТО)
Скопско хуманитарно здружение кое секоја година пред празниците организира посета со дедо Мраз кај социјално загрозени семејства, на кои им носат новогодишни пакетчиња, подароци од храна, облека и играчки, оваа година ги издвои семејствата од најранлива категорија и ги повикува сите граѓани кои се во можност да помогнат на истите!
Неверојатно за овој век, но вистинито, Елена од Скопско Горњани, мајка на 4 малолетни деца, живее заедно со својот сопруг кој е единствениот вработен со мали примања.
Една мала просторија, 4 ѕида, влага, под од кал, темни мувлосани ѕидови, дрвен шпорет, мал фрижидер, тоа се од домот на ова шестчлено семејство, боси, смрзнати, гладни и стиснати некако живеат таму…
Нашиот дедо Мраз за момент успеа да ги израдува и стопли овие детски срца, за момент да ја заборават бедата во која се наоѓаат, да се почувствуваат битни и сакани, запеаа и песнички, ни подарија и насмевки, збунети дека некој се сетил на нив, срамежливо но од срце се израдуваа на се…
И мама Елена со солзи во очите ни заблагодари што некој се сетил на нив, толку благодарност и радост имаше во нејзините очи поради среќата и насмевките на нејзините деца, нашето малку за нив беше премногу…
Доаѓаат најубавите празници, нека бидат среќни и за нив, да им помогнеме да им биде топло дома и да имаат полна празнична трпезата како и во секој дом!
Исто така повеќе од потребен им е соодветен дом, не заслужува ниту едно дете на светот да живее вака.
Секој кој сака да помогне со било каква донација нека се обрати на следниот телефонски број:
Елена 070 266 478
Ви благодариме!🙏
Нека бидат среќни и благословени празниците кои доаѓаат за сите нас!🙏
За да го поддржиме доброто со добро, добро е да знаеме од каде да купуваме
Фирми кои несебично се вклучија во нашата хуманитарна акција со своите производи и израдуваа многу заборавени семејства и деца
Слаткарница Ресана Струмица
Жито Маркети
Сара Фешан
Благодариме🙏
Мариета Младеновска