Свет

Сексуални напади на новогодишната ноќ

Седум лица беа уапсени под сомневање за сексуално насилство за време на прославата за Нова Година пред Бранденбуршката порта во Берлин, соопшти портпаролот на полицијата, Томас Ноландсоф, цитиран од агенциите.

Вкупно 13 приговори за сексуално вознемирување биле примени синоќа, на плоштадот во главниот град на Германија.

Портпаролката на полицијата изјави дека уапсените се главно млади мажи од Сирија и од Авганистан.

Поради стравувањата од сексуално насилство на настанот, беше поставена „безбедносна зона“ за жените за овогодинешната прослава пред Бранденбуршката порта.

Пред две години во Келн речиси 1.000 лица поднесоа жалби дека биле ограбени и сексуално нападнати од мажи, главно од Северна Африка и Блискиот Исток, за време на прославата на новогодишната ноќ.

Инцидентите ја шокираа Германија и ја разгореа загриженоста за културната интеграција на барателите на азил и економските мигранти.

Поврзани вести

Back to top button