Живот

Се сруши кровот на концертот на Дино Мерлин

Силно невреме, проследено со пороен дожд, молњи и силен ветер, го прекина концертот на Дино Мерлин на градскиот стадион во босанскиот град Сански Мост.

Како што јавија босанските медиуми, под притисок на обилнииот дожд и силниот ветер, попуштила покривната конструкција на бината, уривајќи се на сцената.

Во моментот на инцидентот на бината се наоѓал тапанарот на придружниот бенд на Дино Мерлин, Амар Чешљар, кој се здобил со повреда на левата рака.

При уривањето на бината нема повредени меѓу публиката, бидејќи најголемиот дел од присутните веќе го напуштиле стадионот.

Поврзани вести

Back to top button