Избор на уредникотТоп

Се продаваат двата стана од Мијалков во Охрид и земјиште на Кожуф и скопско Морани

Дел од запленетиот имот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој државата го одзеде со негово признавање на вина за случајот „Империја“ е ставен на продажба, односно лицитација. Се продава земјиште лоцирано во Џибарица (Кожуф), два стана во Охрид на плажата „Горица“ и земјиште во скопско Морани (Студеничани).

Земјиштето на површина од 321 квадрат на Кожуф ќе се наддава со почетна цена од 483 евра. Првиот стан во Охрид со површина од 65 квадрати доби почетна цена од 93.906 евра. Вториот стан со површина од 114 квадрати ќе се продава по почетна цена од 146.870 евра. Земјиштето во Студеничани со површина од 56.818 квадрати доби почетна цена од 277.161 евро.

– За недвижнините ќе можат да се наддаваат сите физички и правни лица кои ќе се пријават. Сите имоти можат да се разгледаат, во одреден термин кој е даден од Агенцијата за одземен имот. Јавното надавање нема да се одржи доколку се јави само еден понудувач, велат од Агенцијата за одземен имот.

Претходно на аукција беа ставени запленетите акции на Мијалков во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги.

Поврзани вести

Back to top button