Свет

Се открива најголемата хашка тајна: Кој го уби Милошевиќ и зошто?

Холански истражувач, историчар и новинар Робин де Рајтер објави книгаа под наслов „Кој го уби Слободан Милошевиќ и зошто“, пренесува српски Курир и додава дека овој истражувач објавил повеќе контроверзни настани кои фрлаат сенка врз официјалната вистина за смртта на поранешниот претседател на Србија во Хашкиот суд, 11 март 2006 година.

Како посебен сомнителен момент Де Рајтер го истакнува настанот од летото 2004 година, за време на престојот на Милошевиќ во притворот на Хашкиот трибунал.

„Кон крајот на август 2004 во затворот во Шевеннинген, за време на вечерата, се случило нешто необично, имено затворскиот персонал силно се вознемирил кога храната наменета за Милошевиќ, ја добил некој друг. На судењето, на 1 септевмри 2004 година Милошевиќ го посочил овој инцидент. Тој ден збор имала одбраната. Трибуналот имал намера да на Милошевиќ му го одземе правото сам да се брани под изговор дека тој не е во состојба и на тој начин се сакало да го замолчат. Одбраната требало да ја преземе господин Стивенс. Сето тоа предизвикало силен отпор кај Милошевиќ и воедно довело до бојкот при сослушувањето на сведокот. Постоела опасност целиот просец да пропадне. Трибуналот морал да попушти“, напишал Де Рајтер.

Еве што меѓу другото Милошевиќ рекол тој ден:

„Значи, три години моите лекари ме сметаат здрав и доволно способен сам да се бранам. И одеднаш се случува нешто чудно. Се појавува некој си „независен„ доктор од Белгија, земја-седиште на НАТО, кој изјавува дека не сум доволно здрав самиот себе да се бранам, а сите мои доктори овде со тоа не се согласуваат. Обвинителот Џефри Наис сака да ми додели адвокат и она што со мене ќе работат, па не можам да бидам непристрасен. Лично сметам дека другата страна е таа која во овој случај е пристрасна„.
Милошевиќ, како и обично, учтиво уште еднаш подвлекол: „И затоа запамтите добро. Никогаш нема да престанам ни по која цена од своето право сам да се бранам, ниту ќе се согласам тоа право да ми биде ускратено“.

А, потоа продолжил да зборува за чудните работи што се случувале во затворот: „Вие можете да донесете сопствени заклучоци. Меѓутоа, имајте на ум дека користам лекови кои вашите докотори, вашите соработници ми ги препишаа. Јас не сум сигурен што тука се случува, но можам да го повикам комплетниот затворски персонал, кои седат на излеот. Се крена права узбуна кога требаше да добијам храна која баш мене ми беше наменета, иако сите оброци наизглед се исти. Околу тоа не правев проблем. Не знам што се случува. Меѓутоа бидете така љубезни и запишете дека докторите три години по ред изјавуваа дека сум здрав, а сега – по овој инцидент – тие исти доктори одеднаш изјавуваат дека више не сум здрав. Јас имам одредени претпоставки, тие претпоставки можеби ќе бидат оправдани или не, но за нив постојат сили докази„ рекол Милошевиќ во судницата.

Потоа судии го замолчиле Милошевиќ, му го исклучиле микрофонот. Никогаш подоцна не е поведена истрага по повод овој алармантен случај.

Холандскиот новинар потсетува дека Милошевиќ потоа се почесто пател од ужасен притисок во очите и во ушите. Џејмс Бисет, канадски амбасадор во поранешна Југославија (1990-1992), кој го посетил поранешниот српски претседател во Шевенинген сведочи дека во текот на псоетата српскиот претседател ненадејно поцрвенел во лицето и со рацете ја зграпчил главата. Во главата му зуело и така кога говорел како да му е во метална кутија. Такви пречки имал непрекинато, иако притисокот му бил под контрола, вели амбасадорот.

Поврзани вести

Back to top button