Uncategorized

Саудиска Арабија на смрт осуди Јеменец за напад врз шпански уметници

Еден Јеменец е осуден на смртна казна бидејќи нападнал шпанска театарска група во текот на претстава во ноември во Ријад, објави во неделата саудиската државна телевизија.

Неговиот соучесник, пак, е осуден на 12 години и 6 месеци затвор, додава истиот извор. Двајцата осудени имаат можноста за вложување жалба.

Во нападот кој се случил на 11-ти декември биле ранети четири членови на театарската група, според шпанската влада. Жртвите на нападот, двајца мажи и две жени имале површински повреди, известија по нападот саудсиките медиуми.

„Кривичниот суд на смрт осуди сторител на терористички напад во Ријад“, наведе државната телевизија. Претходно на почетокот од процесот на 19-ти декември истата телевизија наведи дека сторителот примил наредби од Ал Каеда.

САД ја сметаат Ал Каеда на Арабискиот полуостров (AQPA) за еден од најопасните ограноци на оваа радикална исламистичка мрежа. Нападот од 11-ти ноември е првиот напад врз уметници откако ултраконзервативната монархија ги отвори вратите за странски уметници.

Саудиската полиција го идентификуваше напаѓачот како бегалец од Јемен на 33-годишна возраст. Провладиниот весник Okaz наведе дека провобвинетиот бил припадник на Ал Каеда и дека се борел во нејзините редови, но AQPA досега не ја презема одговорноста за нападот.

Нападот е изведен во текот на музичка претстава во паркот на Кралот Абдула во Ријад, една од сцените на фестивалот „Сеозна во Ријад“. Оваа манифестација е дел од програмата на власта со која кралството треба да се отвори за туристите и да ја деверзифицира нејзината економија, која е премногу зависна од извозот на нафтата.

Поврзани вести

Back to top button