Саша Ковачевиќ го затвора својот ресторан, единствено жалам за луѓето кои работат таму, што немаат никаков приход
Познатиот пејач Саша Ковачевиќ има свој ресторан во Белград, но како и многу угостители за време на пандемијата од коронавирусот, така и познатиот пејач беше принуден да го затвори својот локал.
„Угостителството е една од гранките што претрпеа удар што се однесува до короната. За жал, тоа е вистина. Подобро е да се спасиме себеси, да ги спасиме луѓето и вработените кои работат во ресторанот и, на крајот, да се спасиме сите од некои маки и да не затворат кога ќе дојде време“, изјави Саша за емисијата „Шок ток“.
„Единствено жалам за луѓето кои работат таму, што немаат никаков приход, извор на пари со кој би можеле да му помогнат на своето семејство, но јас велам, на сите нас ни е многу тешко. Од март немавме настапи и знам дека на луѓето им е многу тешко“, додал пејачот.
Ковачевиќ исто така изјави дека е голем оптимист и се надева дека од оваа ситуација ќе извлече добра лекција која ќе му помогне за понатака.