Салиху: Бегајте, таму нема да ви биде добро, на секоја станица, на која ќе запрете ќе страдате, но овде ќе бидете уништени
„Се додека твојата судбина нема да може да се промени и пред нештата да се влошат многу повеќе, бегај одовде и спаси се.“ – вели новинарот Урим Салиху од Тетово во својата колумна со наслов „Избегајте час поскоро одовде“, која ја објавија информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија.
Салиху пишува: „Ќе чувствувате копнеж, ќе се чувствувате скршено, но бегајте. Не верувајте во приказните на луѓето, кои ви велат да останете и натаму овде. Оние кои што ви го велат тоа, тие имаат нешто, но вие немате ништо. Не верувајте им на оние што велат дека ова не е добро, бидејќи нив не ги интересира вашиот немир, ниту дека уште еден Албанец помалку ќе остане овде. Не е добро да останете овде, оти ги губите напразно годините од вашиот живот.“
„Час поскоро напуштете ја оваа проколната земја и направете го изборот на вашиот живот. Таму можеби ќе те искористуваат, но овде никој не те есапи, никој не смета на тебе. Затоа подобро е да си ја побараш среќата и можеби на крајот на долгиот пат ќе ја најдете, отколку да чекаш меѓу нештата, кои те напуштиле и кои те потопиле, кои те потонале. Таму ќе барате среќа, овде судбината те поразила.“
„Никој нема да го менува вашиот разурнат живот, без пари, без работа, без ништо. Кој и да ве убедува дека тоа не е добро, тој нема аргументи за тоа, бидејќи да ви каже дека овде е добро, тој лаже. Бегајте, бидејќи вие не можете да чекате и натаму со децении животот да ви замине напразно, сиромашни. Имате само еден живот и вие не можете да живеете само со тешкиот воздух на татковината. Бегај, затоа што така сака судбината и можеби нешто ќе се смени нешто.“
„Таму нема да ви биде добро. На секоја станица, на која ќе запрете, ќе страдате, но овде каде што сте вие ќе бидете уништени. Бегајте, колку побргу можете, бидејќи таму ќе ви биде лошо, но не толку лошо колку овде.“ – заклучува Салиху во својата колумна.