Свет

Руски командоси се во Босна, се чека реакција на НАТО

ФСБ е главна служба на безбедност во Руската Федерација, а наследник е советскиот КГБ. Во информативните кругови на БиХ се појавија шпекулации дека Путин испратил припадници на оваа единица, во Бања Лука и му даде на Милорад Додик целосна команда на над 36 командоси.

specnaz2-640x426-640x400

„Постои пристрасност во односот на еден народ – босанските Срби на државно ниво“, изјави официјално лице Бикантов од руското министерство за надворешни работи.

Бикантов бил дециден и јасно ги изнесе своите ставови за кои се залага Русија. Тој нагласи дека Русија, како и голем број на други земји од Европа и светот го поддржуваат отцепувањето на Република Српска по мирен пат.

„Ние мораме да го заштитиме тој народ од американската тортура и турскиот тероризам и не смееме да бидеме нем набљудувач, како што бевме во текот на разбивањето на Југославија, пред крајот на минатиот милениум“, изјави Бикантов.

„Милорад Додик пред судот во Хаг изнесе јасен став и рече дека правата вистина која се случила за време на војната во БиХ во 90-те. Али Изетбеговиќ работел како што му наложиле Американците, и тоа до страдање на многу луѓе и несреќна војна во БиХ. Ако Република Српска прогласи независност, по наша проценка би ја признале околу 20 земји веднаш, а за година дена и сите земји освен, САД Турција, Англија, и Германија. Мислам дека Валентин Инцко треба да ги гледа интересите на луѓето кои живеат во БиХ, а не Американците, Британците, и Западот“, нагласи Бикантов.

 

Во информативните кругови на БиХ се појавиле шпекулации дека Путин ги испратил припадниците на овие единици во Бања Лука и му дал на Милорад  Додиќ целосна команда на над 36 командоси.

Овие командоси се едни од најопасните единици на светот. Според изворите за информативните агенции оваа единица е веќе стационирана во една приватна куќа во близина на Бања Лука.

Така постои извештај дека Америка веќе подготува одговор и дека во Хрватска се испратени одреден број на американски специјалци.

Поврзани вести

Back to top button