Свет

Русите за малку ќе го примеле Исламот во 10-ти век: Но, една реченица ја променила целата светска историја

Киевскиот кнез Владимир, кој подоцна поколенијата ќе го нарекуваат Големиот, а Црквата на Истокот и Западот ќе го прогласи за светец, сфатил кон крајот на 10-ти век дека време е рускиот народ да го напушти паганството.

Тој повикал претставници на сите светски религии, а тоа што Владимир му го кажал на еден муфтија е нешто што во Русија се пренесува од колено на колено и веројатно е најзабавната анегдота во руската историја.

Некаде кон крајот на 10-тиот век, Русите започнале да ја губат вербата во многуте словенски богови. Тие добро знаеле дека источно, западно па и јужно од нив се наоѓаат монотеистички народи, иако имало повеќе различни религии. Западно од нив биле римските христијани, јужно грчките, а источно биле муслиманските Бугари од Волга (од кои што денешните Бугари се одвоиле неколку векови порано) и јудаистичките Хазари.

Во тој период во Киев „главен“ бил кнезот Владимир, кој за најдобар пријател го имал Улав Тригвасон, основач на Норвешкото кралство и човек кој им го пренел христијанството на својот народ, а претходно тој го примил христијанството од Грците во Цариград, денешен Истанбул.

Владимир имал неколку причини поради кои што започнал да се сомнева во паганските богови. Најважната е дека загубил војна од муслиманските Бугари од Волга, а жртвите кои што им ги принесувал на неговите богови не му помогнале во битката против исламските војски. Како и да е, Владимир веќе сфатил дека време е менување на верата, па се двоумел за која.

На прв поглед сите тогашни религии му изгледале примамливо, па во 986-та година одлучил да ги повика сите емисари од сите четири страни на светот за да може да ги испраша и лично да процени не само која вера е по негова мерка, туку која религија најлесно ќе ја прифатат неговите поданици. За него не било опција да избере религија која што народот нема да ја сака, затоа што тоа можело да го чини и губење на киевскиот престол.

По игра на случајноста, први пристигнале муслиманите од Волга, па ако може да им се верува на руските преданија, нив одлично им тргнало во убедувањето на Владимир. После воведните раскажувања за Алах, единственото и апсолутно божество после кое не постои ниту едно друго и за пророкот Мухамед кој бил пратеник на Алах, муфтиите го привлекле вниманието на Владимир.

Кога му рекле дека владетелите се бесмртни и дека во исламот е дозволена полигамијата и дека после смртта Мухамед ќе го дарува со 70 прекрасни девици, Владимир бил речиси решен да го прифати Исламот и генерално да им го пренесе на Русите како народ. Но, муслиманските муфтии го загубиле „тлото под нозете“ само што помислиле дека теолошката војна е добиена.

Најпрвин, на Владимир не му се допаднала и му била смешна забраната за јадење на свинско месо. Тој секако дека можел да издржи без свинско месо, но не ја гледал смислата во сето тоа. Второ, обрежувањето му било одвратно, но најмногу бил шокиран кога муфтиите му кажале дека муслиманите е забрането да консумираат алкохол. Владимир останал запрепастен после тој „услов“.

„Русите наоѓаат радост во алкохолот и ние не можеме без него“, им рекол Владимир на муслиманските муфтии и тука муабетот бил завршен.

Тие си заминале бесни, иако Владимир не им рекол дека одлучил дека нема да го прифати исламот. Сепак, на крајот Владимир одлучил да го прифати христијанството по примерот на римјаните, грците и скандинавските народи. Многумина велат дека токму поради алкохолот Европа денес не е целосно исламизирана, затоа што Русите заедно со Османлиското царство потоа здружени би биле неприкосновена светска сила.

„Русите наоѓаат радост во алкохолот и ние не можеме без него“, ова е веројатно една од најпознатите реченици во историјата на Русија.

Реченица која што може да се каже дека најдобро ги опишува Русите кои многу векови подоцна, и натаму уживаат во алкохолот. На крајот на краиштата, и еден милениум не бил доволен за да се откажат од својата навика, а всушност, тоа не е ништо, само околу 40 генерации.

Поврзани вести

Back to top button