Свет

Русите масовно одат да живеаат на село

Над 48.000 барања пристигнале минатата недела од Руски граѓани кои одговориле на програмата поддржана од државата, која доделува еден хектар бесплатна земја за обработување на далечниот Исток, пренесува RT.

Програмата, одобрена од страна на рускиот претседател Владимир Путин, во мај минатата година, има за цел да го насели и развие регионот.

Почнувајќи од 1.февруари, секој руски граѓанин има право да аплицира за бесплатен хектар (10.000 квадратни метри) земја на рускиот Исток и Пацифик.

Регионите ги вклучуваат Јакутија, Камчатка, Чукотка, Приморие, Кабаровск, Амур, Магадан, Сахалин, и Еврејските Автономни Региони.

Барања доаѓаат од сите краеви на Русија, наведе гувернерот на Камчатка Владимир Илукин.

„Географијата е широка: Москва, регионот Москва, регионот Липетск, Татарстан, Башкортостан, практично од сите делови на централна Русија сакаат земја на Камчатка. Тоа ме прави среќен. Оние кои сакаат земјиште тука, ќе добијат”, изјави регионалниот гувернер.

Околу 28 отсто од Русите кои се заинтересирани за програмата велат дека сакаат да го користат земјиштето за изградба на дом. Околу 17 проценти сакаат да го користат земјиштето за земјоделство и одгледување на стока. Други седум проценти велат дека земјиштето ќе го користат за изградба на хотели и развој на локалниот туризам.

Земјата може да се користи за било каква законска намена, а новите сопственици нема да можат да ја даваат под закуп или да ја продаваат во период од пет години откако ќе ја добијат.

Поврзани вести

Back to top button