Свет

Русија ја обвинува Германија дека прикрила силување на 13-годишно руско девојче

Германската реакција е одговор на обвинувањето на рускиот шеф на дипломатијата дека властите во Берлин „го туркаат проблемот под килим“.

Обвинителството во Берлин води истрага за случајот на тринаесетгодишната Лиса Ф. која ѝ пријавила на полицијата дека ја грабнале емигранти во четврт на источен Берлин пред две недели, ја држеле затворена 30 часа и ја силувале.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави на конференција за новинарите во вторникот „дека е јасно дека девојчето под никакви околности не исчезнало доброволно цели 30 часа“.

Неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер изјави денес остро дека нема оправдување за користење на тој случај во цели на „политичка пропаганда и влијаење врз разгорувањето на веќе ионака тешката домашна дебата за емигрантите“.

Случајот на малата Лиса предизвика гнев меѓу руската заедница во Берлин и руските медиуми детално известуваат за целата ситуација.

Околу 700 луѓе протестираа пред канцеларијата на Ангела Меркел со плакати на кои пишуваше „Нашите деца се во опасност“ и „Денес моето дете, утре вашето“.

Портпаролот на кабинетот на државниот адвокат Мартин Штелтнер истакна дека нема докази дека девојчето било киднапирано и силувано.

Тој додаде дека во истрагата било откриено дека таа имала доброволни сексуални односи пред да исчезне.

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шафер изјави дека нема ни најмала причина резултатите од истрагата да се доведуваат во сомнеж. Тој ги критикуваше и руските медиуми, кажувајќи дека „на лагата ѝ се кратки нозете“.

Поврзани вести

Back to top button