Избор на уредникотМакедонија

Рекордна заплена на Царината, во автобус пронајдени девизи и злато вредно милион евра (ФОТО)

При контрола на автобус македонските цариници заплениле девизи и злато во вредност од еден милион евра. Поточно инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус откриле и заплениле 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу 600.000 евра.

Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица.

При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи.

Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага, соопштија надлежните.

Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство.

Поврзани вести

Back to top button