Избор на уредникотРелигија

Речиси и не постои човек кој некогаш не бил жртва на демонски напад – Еве како да ги препознаете и одбраните

„Болни лекувајте, лепрозни очистувајте,
мртви воскреснувајте, демони изгонувајте!
Бесплатно добивте, бесплатно давајте!„ (Матеј 10:8)

Речиси и не постои човек кој некогаш не бил жртва на демонски напад. За современиот човек ова изгледа чудно, неверојатно, а можеби и смешно, гледано од денешна гледна точка, кога светот е претежно атеистички и за се (скоро се) има рационално објаснување. Овие напади се предизвикани од натприродни зли духови – демони, кои доаѓаат во домовите на луѓето. Овие демони се вистински и активни. Крајната цел секогаш им е иста: уништување на човекот и неговата душа.

Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Г.И.Христос (Мт. 26:41; Мк. 14:38). Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади. Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот. Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе, и тоа преку соновите.

На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Потоа жртвата нема сила да се спротистави, па трагичниот крај е неминовен. Затоа секој кој би се нашол во ваква ситуација треба да вложи максимален напор и да најде помош пред да биде доцна.

Има неколку видови на ноќни напади. Во првата група спаѓаат т.н. кошмари или ноќни мори. Вториот тип напади се сврзани со условно кажано физичко присуство на демонот. Чести се комбинации на овие два типови.

Првиот облик се случува кога жртвата е во длабок сон. Нападите почнуваат со сонување на некој сон кој има бизарна содржина. Сонот многу често е со сексуален карактер и постои извесна доза на страв. Жртвата е свесна за сонот и сака да се разбуди, но не може. Првата ноќ сништата се во поскриена форма, завиени, страв речиси и да нема. Потоа како се повторуваат од ноќ во ноќ стануваат пострашни. Сексуалноста во сонот добива демонски-ѕверски карактер. На крај силниот страв го прекинува сонот.

Сонот ја исцрпува жртвата и психички и физички. Таа другиот ден се буди изморена и неспособна за секојдневна активност. Доколку ваквите соништа се повторуваат, тоа го онеспособува човекот и тој бара начин да се ослободи од овие кошмари. Директна опасност нема. Но ако жртвата наредниот ден треба да донесе некаква важна одлука или пак да вози моторно возило, ноќната мора може да заврши фатално.

Кај некои поединци се јавува задоволство од сонот. Наредниот ден тие се возбудени и мислите ги насочуваат кон содржината на сонот. Најчесто станува збор за помлади лица. Следната ноќ ќе се повтори нешто слично. После неколку ноќи, почнува да се гледа промена кај човекот. Тој губи интерес за семејството, работата и се друго. Карактерно се менува, а промените не се бавни и постепени. Напротив, сите околу жртвата приметуваат дека нешто чудно се случува. Потоа жртвата станува зависна од демоните и веќе нема сила самата да се ослободи. Последиците се страшни.

Најпрво се распаѓа социјалниот статус на човекот. Го губи семејството, пријателите, работата, студирањето и сл. Паралелно се нарушува и здравјето. Најпрво страда нервниот систем, а потоа се јавува анемија, малаксалост, слабеење и постепено исцрпување на жртвата. Подоцна се појавуваат разни хронични и неизлечливи разни болести. Во терминалниот стадиум жртвата изгледа како долгогодишен наркоман.

Децата се жртви исто така. Во овој случај нема сексуална компонента, само страв. Детето обично е престрашено и вика, понекогаш се буди но понекогаш не. Бара да спие со возрасен, да има запалено светло и сл. Ова ги исцрпува и родителите и децата. На прашањето од што се исплашило, детето вообичаено одговара дека се среќава со некои темни облици, сенки со неодреден изглед. Мисли дека тие сенки се во неговата соба и се движат околу него. Доколку во овие случаи родителите реагираат нервозно и без разбирање, му нанесуваат тешки психолошки трауми на детето.

Терапија:
Додека трае нападот, човекот се бори за воздух. Бидејќи телото му е наполно парализирано, но умот е слободен и единствено што помага е повикот кон Исус Христос на помош. Најмоќна е Исусовата молитва која гласи:
Господи, Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на мене, грешниот.
И самото спомнување на светото име Исус е доволно. Нападнатиот е ослободен, се буди од хипнотичката состојба и гладно го вдишува воздухот.
Молитвата пред спиење е одлична. Ја смирува душата и го повикува Бог на помош. Таа може да биде молитвата пред спиење(доколку се е), Господовата молитва („Оче наш“) или некој псалм (на пример Псалм 91).

Се пали половина или едно цело од оние самогоречки јагленчиња кои се во форма на таблета. Откако ќе се создаде жар се ставаат две-три зрнца темјан. Се што треба е да се овозможи мирисот на темјанот да навлезе во сите простории, посебно во спалните соби. Не е битна количината на дим затоа што неговото дејство не се заснова на концентрацијата.

Доволно е само да се помине во секоја просторија. Злите духови нема да можат таа вечер да дојдат и да делуват. Темјан може да се набави во секоја православна црква.
Светата (светена вода) е исто така ефикасна, особено кај помалите деца. Тие се сеуште мали и не знаат да се молат и не знаат како да се одбранат . Затоа е доволно да им се измие лицето со света водичка пред спиење и тоа е доволно. Исто така, пиењето на света водичка е препорачливо за запазување од злите духови.

Горенаведените постапки ги спречуваат и елиминираат нападите, но не и причините. За конечен спас од ова зло мора да се затворат каналите кои ги користат овие зли духови. Да не заборавиме дека компромис со злото нема. Амин
(Преземено)

Поврзани вести

Back to top button