Разликата помеѓу селанец и “сељак” во една фотографија

Објавено: сабота, 20 мај 2017 во 11:02
Spread the love

На фотографијата може да се види еден помал трактор во близина на непрописно паркирана Корвета.

Јурај Шебаљ, познатиот хрватски рели возач, на својот Фејсбук профил споделил фотографија во која, како што самиот пишува, одлично ја доловува разликата помеѓу селанец и “сељак”.

Всушност на фотографијата се гледа еден помал трактор, паркиран во самото ќоше на паркинг прострот, во чија близина непрописно е паркирана Корвета.

“Ве молиме да се воздржиме од негативни коментари, подобро едноставно да уживаме во фотографијата со пиво, сок или некој одличен чај”, порачал Шебаљ.