Свет

Рамуш Харадинај: Го сакам Косово до Ниш!

Злосторникот и поранешниот лидер на ОВК Рамуш Харадинај, изјави дека доколку стане премиер, а Србија за тоа време не го избрише Косово од својот Устав, тогаш ќе уфрли третина од српската територија во Косовската, почнувајќи од Ниш. Лидерот на Алијансата за иднина на Косово изјави дека би требало некој да дојде и да ја уништи агендата на Србија со која таа го понижува Косово.

Тој вели дека и самиот бил плен на оваа агенда, затоа што повеќе од три месеци бил во притвор поради француските власти.

Во емисијата „Rokum rol“, на TV Rokum, Харадинај изјави дека би „требало да и каже на Европската унија (ЕУ), a особено на САД, дека ние не сме народ со кој некој може да си поигрува!“, пренесува „Info ks“.

„На оваа тема Европа не работи ништо. Благодарен сум му на Берлин, кој имаше јасен пристап за мене, но кога е во прашање Брисел, ова не е фер, затоа што на Балканот ЕУ гледа како на страна која не може да ги увери партиите да донесат тешка одлука. Би требало да реагира Америка и да Србија и го покаже нејзиното место“, додава Харадинај.

Тој изјави дека Србија треба да го избрише Косово од преамбулата на нејзиниот устав.

„Ако Европа и Америка не ја одработат својата работа, тогаш не ни преостанува ништо друго освен да воведеме реципроцитет, додека тие го држат Косово во својот устав, тогаш ред е и на нас да третина од нивната територија ја присвоиме со нашата територија“, изјави Харадинај.

„Нема повеќе да си поигрува со нас лошиот комшија“, додаде Харадинај.

Поврзани вести

Back to top button