Путин: Се надевам дека против ИД ќе можеме без нуклеарно оружје

Објавено: среда, 9 декември 2015 во 13:13
Spread the love

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави тоа што неговата земја првпат извршила напади врз положби на Исламска држава во Сирија со ракети истрелани од подморницата „Ростов на Дон“ во Медитеранот, но исто така изрази надеж дека во нападот нема да мора да користи нуклеарни боеви глави.

Путин тоа го изјави на состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој го извести за најновите резултати од операцијата против џихадистите на ИД во Сирија.

– Мораме да анализираме се што се случува на терен и како функционира оружјето. Крстосувачките ракети „калибар“ и КХ-101 е покажаа како модерни и многу ефикасни, а сега знаеме и дека тоа е високо прецизно оружје кое може да биде опремено и со конвенционали и со специјални боеви глави, како што се нуклеарни, рече Путин.

– Тоа, досега, секако, не беше потребно во борбата против терористите, а се надевам дека никогаш нема ни да биде потребно, наведе Путин.

Крстосувачките ракети „калибар“ погодиле два големи пункта на терористите на ИД во областа Рака.