Путин: Русија и Украина се нападнати за да спречат појава на голем ривал
Руско-украинската соработка иритира многу земји затоа што создава глобален конкурент што ќе ги предизвика, изјави рускиот претседател Владимир Путин за ТАСС во интервју за проектот „20 прашања со Владимир Путин“.
„Секоја интеграција на Русија и Украина, заедно со нивните капацитети и конкурентските предности, би предизвикала појава на ривал, глобален ривал и за Европа и светот. Никој не го сака ова. Затоа, тие ќе сторат сè за да нè растурат“, изјави Путин
Тој се воздржа од споменување на државите што ги има на ум.
„Оние што ја презедоа власта ги следеа сопствените интереси. И што беа тие? Не беше дури ни за да добијат повеќе ограбувајќи го украинскиот народ, туку да го задржат она што претходно го украле. Тоа беше главната цел. Значи, каде се парите? Во странските банки“, истакна тој.
Путин истакна дека сопствениците на странските сметки сакаат да покажат дека им служат на оние што ги чуваат тие пари. Оттука, единствената работа со која тие тргуваат е русофобијата. „Бидејќи некои сакаат да ги поделат Украина и Русија, тие веруваат дека тоа е многу важна цел“, додаде тој.