Свет

Путин има тајна војска во Германија?

Рускиот претседател Владимир Путин контролира мрежа од елитни борци на западот преку школи за обука која ја минуваат и руските разузнавачи, тврди германски Билд, а пренесуваат бројни западни медиуми.

Тајната Путинова специјална армија излегла од сенка кога Борис Рајтшустер, авторот на книгата „Путиновата скриена војна“, повикувајќи се на истражување на една западноевропска разузнавачка служба, објави дека шефот на Кремљ преку школи за обука на руската воена техника контролира единици во Германија и други земји во Западна Европа.

Иако во овие школи главно се тренираат обични спортисти, од позадина наводно конците ги влечат надворешната руска воена разузнавачка служба ГРИ и руските воздушно-десантни единици (специјалната единица ВДВ).

Школите главно ги водат поранешни агенти и припадници на руските специјални единици. На тој начин тие служат како совршен параван за тајни активности.

„Овие борбени единици во непријателски земји претставуваат главен столб на скриената војна на Путин против Западот“, тврди авторот на книгата за рускиот претседател.

Единиците за кои пишува Рајтшустер, според британските медиуми, владеат си техника за борба гради в гради, со удари со раце и нозе, но и борба со ножеви, при што не постојат строги правила. Медеиумите тврдат и дека во текот на обуката голем акцент се става врз импровизацијата и интуицијата за борците да можат да се снајдат во секаква ситуација.

Според информациите на Билд, овие групи дејствуваат во рамки на движењето Пегида и неговите гранки. Оние кои ќе навлезат во соработката со групите на Кремљ, тврди Рајтшустер, школите редовно ги испраќаат во Русија на „усовршување во ракување со оружје, експлозиви, како и диверзантски активности, односно саботажи“.

Анализа на германската разузнавачка служба покажала дека целите на овие групи се да „предизвикаат немири и нестабилност, да ги поддржат оружените сили како тајни групи командоси и да шират недемократски сфаќања“.

Од Кремљ сѐ уште нема реакција околу овие тврдења.

Поврзани вести

Back to top button