Свет

Путин: Да се уништат сите кои им се закануваат на Русите во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската војска треба „веднаш да ги уништи“ сите мети кои им се закануваат на руските сили во Сирија.

Путин на состанокот со воениот врв рече дека руската воена база во Сирија е зајакната со дополнителен авион и оружје за противвоздушна одбрана.

Зајакнувањето уследи по турското соборување на рускиот бомбардер на сириската граница на 24 ноември.

– Наредив да се делува цврсто. Секоја цел што им се заканува на руските сили или на нашата инфраструктура на терен треба веднаш да биде уништена, рече Путин на состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана.

Не наведувајќи ја Турција, Путин на сите им упати предупредување „против натамошни провокации“ и рече дека војската „најостро“ ќе реагира.

Русија почна воздушни напади во Сирија на 30 септември.

Во средината на ноември Русија го зголеми бројот на авиони кои учествуваат во операцијата во Сирија на 69 од 50 и вклучи стратешки бомбардери во нападите врз екстремистите.

Поврзани вести

Back to top button