Пулмолог објави снимка од бели дробови на 22-годишен пациент со Ковид-19, изгледа застрашувачки (ВИДЕО)
Дејан Жујовиќ, пулмолог од Белград објави снимка од бели дробови на 22-годишен пациент, заразен со коронавирус. Жујовиќ и самиот бил заразен со Ковид-19, и го прележал овој вирус, објасни дека го ставил видеото на социјалните мрежи, за да ги потсети оние кои не веруваат во постоењето на вирусот и дека станува збор за опасно заболување.
Паралелно со снимката, пулмологот има и објаснување. На неа се гледа драстично оштетување на белите дробови, што е претставено во 3Д и со графикон што покажува загуба на волуменот на белодробното крило. Во случајов загубата на белите дробови е 50%.
-Вака понекогаш изгледаат белите дробови погодени од короната. Отсега натаму, јас не комуницирам со морони кои го негираат вирусот! Овој пат се потребни луѓе кои се здрави во главата. Држете се на дистанца, со маска каде што не е можно растојание. Контактирајте го вашиот лекар ако не се чувствувате добро. Сум против сите екстремни мерки, како што е полицискиот час. Останете здрави и живи , напиша др. Жујовиќ.