Пртепан Љупчо Палевски, има повреди на главата и скршена рака (ФОТО)

Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево бил претепан пред својот дом и е во болница.

Состојбата на Љупчо Палевски е стабилна и тој во моментов е вон животна опасност благодарение на брзата интервенција на лекарската екипа на „Систина“ која се избори за неговиот живот.

Љупчо Палевски – Палчо  има неколку хематомина глава, велат извори од болницата, додавајќи дека има и скршена рака и неколку повреди по телото.

Палевски, откако беше пуштен на слобода од притворот во Србија, во Македонија, преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на Сашо Мијалков.

Тој ја објави аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името.

Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево бил претепан пред својот дом и е во болница. „Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест

Препорачани

Welcome Back!

Login to your account below

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.