Живот

ПРОЦЕДУРИТЕ СЕ ПОЕДНОСТАВУВААТ: До работа во Германија се полесно и полесно

Германија подготува нов закон за имиграција со кој се обидува да донесе што повеќе работна сила од таканаречените трети земји.

Новиот закон за имиграција е во подготовка, а целта е поради недостаток на квалификувани работници да се поедностават процедурите, не само за високо образован кадар, туку и за оние кои имаат завршено средно школо.

„Во Германија за новиот закон се зборува како работата да е завршена, иако секако се смета она што е `de jure`. Во секој случај, нема долго да се чека тој да стапи на сила“, истакнува новинарот Мирсад Кебиќ, кој неколку години живее и работи во Минхен, пренесува Бизлајф.рс.

Како што вели, поради тоа се очекува уште поголем одлив на населението.

„Секој квалификуван работник кој успее да дојде во Германија и најде соодветен работодавач ќе добие работа доколку покаже вештини и знаење“, истакнува тој.

Напоменува дека доселувањето во Германија оди верижно, односно дека секој повлекува некој свој, а дека многу германски фирми им даваат премија на оние работници кои донесат некој кој ја задоволува пробната работа.

Предност е што годините не се пресудни за кадровски дефицитарни работи, на пример кај машински работници, заварувачи, ѕидари, и слично. Тука важи правлото „Само дојди“, напоменува Кебиќ.

„Најважната улога на крајот секогаш ја игра познавањето на германскиот јазик“, истакнува Кебиќ.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button