Прости ми што те кодошам Гаго… Славниот Жарко Лаушевиќ на трогателен начин се прости од Драган Николиќ
Славниот актер го напиша можеби најемотивниот и најличниот последен поздрав до својот драг пријател и колега, големиот Драган Николиќ.
-Г големо како Град Белград, А гласно како Азбука, како нејзиниот почеток, Г како Господин, А како Антологијата на шармот, мерката и вкусот. Како некој да фрли бомба на Белград, ужасна бомба и направи толкава штета што никаква репарација нема и не може да ја надомести. Сите бевме среќни во неговото друштво. На сцената, во кадрот, во кафеаната. Привилегирани. Уживавме во неговите досетки. Уживавме во неговата глума. Како сега станавме толку мали.
Прости ми што еве те кодошам, Гаго, но јас не знам никој кој толку и само така делал, како ти и Милена. Љубов, себе, се! Наше е само она што ќе им го дадеме на другите! Да, таа благородна христијанска порака ја кажа еден голем Отец, но не знам никого кој толку и само така делаше, како овие негови деца. Прости ми Милена, прости ми Гаго – напиша Жарко Лаушевиќ за НИН.