Живот

Пронајдена е петта сила на природата

Научниците од Универзитетот во Калифорнија сметаат дека ја пронашле петтата основна сила на природата.

Можното откритие на досега непозната суб-атомска честичка, сметаат физичарите, би можело конечно да ја реши мистеријата за таканаречената темна материја.

Новооткриениот бозон поседува моментално невидени карактеристики кои понатаму го отвораат прашањето за тоа дали секторот на материјата постои истовремено ина истото место со „мрачен“ сектор, со кој што реагира преку невидлива сила.

„Доколку се покаже дека тоа е точно, тогаш тоа е навистина револуционерно“, изјави професорот по физика и астрономија на Универзитетот во Калифорнија, Џонатан Фенг.

„Со децении знаеме за четири фундаментални сили: гравитацијта, електромагнетизмот, слабата и силната нуклеарна сила. Ако ова откритие го потврдиме експериментално, откритието на петтата основна сила целосно ќе го промени нашето сфаќање на универзумот“, објасни Фенг.

Научниците на Универзитетот во Калифорнија дошле до ова откритие проучувајќи ги минатогодишните студии на Унгарската академија на науките во кои што била воочена аномалија во распаѓањето на радиоактивните честички, која наговестила дека можеби постои непозната честичка која е 30 пати потешка од електронот.

Експериментите не го потврдиле откритието на Унгарците, но го довеле американскиот тим до тоа да постави нова теорија која што вели дека аномалијата е одговорна петта основна сила и дека непознатата честичка всушност е „мрачен фотон“, односно таканаречен фотофобиски Х бозон.

Поврзани вести

Back to top button