Фото

Пронајден најголемиот ѕвезден сафир вреден 100 милиони долари

Гемолозите од Шри Ланка тврдат дека го пронашле најголемиот ѕвезден сафир во историјата. Гемолошкиот институт во градот Коломбо го потврди пронаоѓањето на скапоцениот камен од 1404,49 карати, а потврдено е и дека поголем од овој никогаш не е виден.

Вредноста на сафирот е проценета на 100 милиони долари, а моменталниот сопственик верува дека ќе го продаде на аукција за 175 милиони долари.

Годишната вредност на индустријата со скапоцени камења во Шри Ланка изнесува 103 милиони долари годишно, а сафирите се најзастапени во извозот. Сините ѕвездени сафири го добиле името по препознатливата ознака во нивниот центар.

„Кога го видов сафирот, одлучив дека морам да го купам. Штом го здогледав, си помислив дека би можел да биде најголемиот на светот. Ризикував и го купив”, изјави сопственикот на сафирот кој сакал да остане анонимен. Тој не откри колку платил за скапоцениот камен.

Синиот сафир е пронајден во градот Ратнапура на југот на Шри Ланка. Овој град е познат како градот на скапоценостите.

Поврзани вести

Back to top button