Живот

Фото: Момче (11) е првото дете во Британија подложено на мастектомија

Храбро момче од Манчестер, Велика Британија, на кое му е извршена операција за  отстранување на тумор на градите на своите соученици и другари во училиште им рекол дека го гризнала ајкула.

*THEY DID NOT WANT TO DO VIDEO* Eleven-year-old Lewis Deakin suffers from a rare condition which causes him to grow benign tumours on his arteries causing lumps on his chest. He is the only child in the country to have a full mastectomy due to the condition. The family travel down to Birmingham Children's Hospital on a regular basis where Lewis has received some pioneering treatment Overdale Drive, Benchill, Wythenshawe 2 January 2016 Pic Dominic Salter Pic from MEN Syndication Mitchell Henry House Hollinwood Avenue Chadderton Oldham OL9 8EF syndication@men-news.co.uk

11-годишниот Луис Дикин, страда од артерио-венска малформација, ретко нарушување поради кое има зголемен ризик за развој на бенинген тумор.

Луис воедно е најмладата личност на која му е извршена мастектомија – истата операција која им се прави на жените кои се соочуваат со рак на дојка, пренесуваат британските медиуми.

По операцијата која била изведена во детската болница во Бирмингем, Луис на своите другари им кажал дека лузната од операцијата всушност е лузна од гризнување од ајкула.

*THEY DID NOT WANT TO DO VIDEO* Eleven-year-old Lewis Deakin suffers from a rare condition which causes him to grow benign tumours on his arteries causing lumps on his chest. He is the only child in the country to have a full mastectomy due to the condition. The family travel down to Birmingham Children's Hospital on a regular basis where Lewis has received some pioneering treatment Pictured with dad Wayne Deakin - mum Victoria did not want to be pictured Overdale Drive, Benchill, Wythenshawe 2 January 2016 Pic Dominic Salter

Според зборовите на неговата мајка, Луис е единствено дете во Британија на која му е извршено мастекотмија. Кога ќе закрепне од операцијата, лекарите ќе бидат во можност да му направат реконструкција на тој дел од телото.

– Во почетокот му беше непријатно и на никого не сакаше да му ја покаже лузната, но сега на девојчињата на училиште им вели дека го гризнала ајкула – изјавила неговата мајка.

Родителите пред три години првпат го одвеле Луис на доктор поради израсток на градите, но сите биле збунети се додека не ги посетил докторот Хироши Нишикаву во Детската болница во Бирмингем каде му било дијагностицирано ова ретко нарушување.

Поврзани вести

Back to top button