Приведено лицето кое ја силуваше и ја уби старицата
Објавено:
петок, 8 април 2016 во 13:44
НК за КР Радовиш поднесе кривична пријава против Џ.Д. (26) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
На пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена. Пријавениот на 06.04.2016 година околу 01.30 часот ја лишил од живот С.Ѓ. (68) од Радовиш.
Истиот влегол во куќата во која сама живеела лоцирана на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш и употребувајки физичка сила ја лишил од живот и одземал пари и златни предмети.