Избор на уредникотМакедонија
Притвор за полицаецот од Демир Капија кој си го силувал синот!
Кавадаречкиот основен суд денеска информира дека донесено е решение за мерка притвор за полициски службеник од Демир Капија осомничен за силување на сопствениот син. Притворот е во траење од 30 дена.
-Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело Родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст.1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст.1 т.3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст.4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години, посочија од Судот.