Македонија
Припадници на српската полиција помагаат на поплавените во Црешово
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија кои вчера беа упатени да помогнат на граѓаните на Македонија загрозени од елементарната непогода, веднаш по пристигнување во село Црешево, Скопско, се вклучија во помош на населението, како и на санација на теренот и црпење вода.
Во соопштението од српското МВР, како што јави Танјуг, се наведува дека ресорниот министер Небојша Стефановиќ упатил помош за Македонија во вид на механизација и луѓе за санација на последиците предизвикани од обилните врнежи.
Во Македонија се упатени повеќе теренски возила и камиони со неопходна опрема и пумпи, како и 20-тина припадници на Секторот за вонредни ситуаци при српското МВР.