Едно лице повредено при напад со нож во Германија

Објавено: вторник, 9 август 2016 во 10:16
Spread the love

Непознат маж синоќа нападна со нож минувачи на една од улиците во германскиот град Магдебург, во провинцијата Саксонија-Анхалт, при што повредил една жена.

Шеесет и четиригодишната жена веднаш била префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Според очевидци, биле повредени уште најмалку две лица.

Полицијата соопшти дека напаѓачот успеал да побегне, но се трага по него.

Според првичните информации, станува збор за маж на возраст меѓу 25 и 35 години, а причината за нападот засега не е позната.